Чистење на деловни простории

ТЕКОВНО ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА

Нечистите и неуредни деловни простории и канцеларии не само што делуваат непрофесионално пред вашите клиенти, туку исто така можат да ги вознемират и делуваат демотивирачки и на вашите вработени. Обезбедувајќи им здрава и чиста средина на вработените, ќе ги направите посреќни, позадоволни и попродуктивни.

Препуштете ја грижата за нас

Со препуштање на грижата за чистење и одржување хигиена на нас, ќе добиете постојано чисти, свежи и дезинфицирани простории. Вашите вработени ќе бидат фокусирани исклучиво на своите должности и обврски во компанијата додека клиентите ќе ве доживуваат како компанија која се грижи за мислењето и задоволството на клиентите, ќе ве доживуваат како компанија која се грижи за својот углед како и  за здравјето, удобноста и задоволството на вработените.
Препуштете го во наши раце одржувањето на хигиена во вашата компанија и ќе се погрижиме вашите простории да бидат секојдневно, постојано и континуирано блескаво чисти.

Динамиката на чистење е во договор со вас и е прилагодена на вашите барања и потреби (секојдневно, два пати неделно, еднаш неделно, еднаш во две недели или еднаш месечно).
Примената на нашиот ротациски систем на чистење на позициите во вашиот деловен простор ви обезбедува постојано високо ниво на чистота.

Каде се извршува оваа услуга?

Услугата тековно чистење и одржување хигиена се извршува во деловни простории вклучувајќи: канцеларии, хотели, ресторани, магацини, салони, маркети, спортски објекти, фитнес центри, експозитури и др.

За секој склучен договор со нас за тековно чистење и одржување хигиена вашата компанија добива бесплатно хемиско чистење на тапациран мебел, теписони или машинско чистење подови.

ЕДНОКРАТНО ЧИСТЕЊЕ

Со цел постојано задржување на чистотата во вашата компанија, нашите препораки најчесто се тековно редовно чистење и одржување на хигиена, но сепак секогаш ги вреднуваме вашите потреби и интерес за еднократно чистење.

Ви нудиме решение

Затоа ви нудиме решение со професионално чистење на вашиот деловен простор, со обучени хигиеничари и квалитетна, чесна и дискретна услуга со однапред договорени детали околу конкретните ваши барања, т.е позициите во деловниот простор кои треба да бидат исчистени.

Ние го обезбедуваме целокупниот прибор, средства за чистење и професионални наменски машини а нашиот професионален тим ќе се погрижи да добиете супериорна чистота на просторот.
Меѓусебно и заеднички ќе ги дефинираме сите детали околу начинот на извршување на чистењето како и методот на чистење кој ќе го примениме, зависно од потребите и вашите барања.

Моб: +389 77 400 308
Пон – Саб: 09:00 – 20:00
Закажи термин