Чистење на станбени простории

ЕДНОКРАТНО ЧИСТЕЊЕ

Иако секогаш препорачиваме тековно редовно чистење и одржување на хигиена, сепак го вреднуваме вашиот интерес за еднократно чистење.

Брзото темпо на живеење и се помалку слободното време неретко го отежнуваат одржувањето високо ниво на чистота во домот. Ние во Протач го разбираме тоа.

Затоа ви нудиме решение со професионално чистење на вашиот дом, со квалитетна, чесна и дискретна услуга со однапред договорени детали околу конкретните ваши барања, т.е позициите кои треба да бидат исчистени.
Нашиот професионален тим ќе се погрижи да добиете супериорна чистота на просторот.

Чистењето може да се изврши со наши наменски и безбедни средства, прибор и алатки или со средствата и приборот кои клиентот ги поседува.

ЕДНОКРАТНО ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ

Генералното чистење опфаќа:

  • Собирање пајажина
  • Чистење на врати и достапни прозорци
  • Пребришување прашина
  • Усисување на подови и теписи
  • Влажно мопирање на подови
  • Надворешно чистење на кујнски апарати, елементи, чешма и мијалник
  • Дезинфекција и чистење на тоалети и купатила
  • Чистење на огледала и стаклени површини
  • Дезинфекција на кваки
  • Исфрлање на ѓубре и смет
  • Проветрување на просторот
  • Нанесување на антибактериски освежувач во сите простории
ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА

Најдобриот избор и решение за постојана, контининуирана чистота во вашиот дом.

Динамиката на чистење е во договор со вас и е прилагодена на вашите барања и потреби (два пати неделно, еднаш неделно, еднаш во две недели или еднаш месечно).

Тековното чистење и одржување хигиена, со примена на нашиот ротациски систем на чистење на позициите во вашиот дом ви обезбедува постојано високо ниво на чистота во просторот, здрава средина за живеење за вас и вашето семејство, без алергени од бактерии и уживање во слободното време кое ќе добиете.

За секој склучен договор за тековно чистење добивата бесплатно хемиско чистење на тапациран мебел и душеци.

Моб: +389 77 400 308
Пон – Саб: 09:00 – 20:00
Закажи термин