Услови и Правила за купување

Услови и Правила за купување на protouch.mk

Општи услови и правила

Со самиот пристап или при купување на оваа страна се согласувате со Условите и правилата за купување на оваа страна а Протач Дооел го задржува правото за промена на овие услови и правила за купување а промените ќе бидат истакнати на оваа страна.

Цените на сите производи се изразени во денари

Протач Дооел го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување на корисниците, но доколку нарачката е веќе прифатена цената нема да биде корегирана. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да променета во меѓувреме.

Количините на производите се ограничени, согласно тоа Протач Дооел го задржува правото одредена нарачка да ја откаже поради исцрпени залихи.

При евентуални технички проблеми со интернет страната Протач Дооел го задржува правото да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување и освен враќање на уплатените средства од корисникот Протач Дооел не е должен да изврши никакво друго обештетување.

Извршување на нарачка

При нарачка на оваа страна задолжително треба да го внесете вашето име и презиме, е-маил адреса, адреса за достава и телефонски број како би биле во можност соодветно и навремено да ви ја доставиме вашата нарачка. Може да одберете начин на плаќање со платежна картичка, профактура или плаќање во готово при преземање на пратката. Во моментот кога вашата нарачка ќе биде потврдена ќе добиете известување на вашата е-маил адреса.

За успешно реализирање на вашата нарачка износот треба да биде најмалку 500 денари.

Испорака

Вообичаениот рок на достава на вашата пратка за Скопје е најмногу 48-72 часа, додека на територија на останатите градови во државата е 3-5 дена.

Доколку нарачката биде направена после 16 часот истата ќе биде проверена од нас следниот ден и откако ќе се добие потврда за успешна трансакција започнува да тече периодот за испорака.

Доколку нарачката биде извршена во петок после 12 часот, викенд, неработен ден или празник, времето ќе се смета почнувајќи од првиот работен ден.

Производите ќе бидат испорачани преку сопствен систем на достава на Протач Дооел или преку партнер за достава. При евентуални технички проблеми во службата на партнерот за достава Протач Дооел не е одговорен за доцнењето.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде исконтактиран на телефонскиот број оставен од купувачот, за потврдување на датумот и времето на испорака.

За испораката да биде успешна потребно е купувачот да биде присутен на адресата посочена за достава.
Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбената зграда.
За нарачки до 1390 денари цената за испорака на територија на град Скопје е 120 денари.
За нарачки над 1390 денари на територија на град Скопје доставата е бесплатна.
За останатите градови на Република С. Македонија поштарината ја плаќа купувачот при превземање на пратката согласно тарифата на избраната курирска служба.

Враќање на производ/и

Купувачот е должен при превземање на производот/ите да го/и провери од евентуални оштетувања при транспортот и доколку се работи за повеќе производи да изврши проверка дали се испорачани сите производи кои купувачот ги нарачал. Доколку постојат оштетувања или точниот број на нарачани производи не се совпаѓа со примените производи купувачот е должен веднаш да го информира продавачот и лицето кое ја доставува пратката. Во овој случај трошоците за замена на производот/ите нема да бидат на товар на купувачот. Доколку купувачот веднаш не ги пријави евентуалните оштетувања на производот/ите Протач Дооел нема да прифати подоцнежни рекламации.
Доколку купувачот веднаш ги пријави евентуалните оштетувања на производот тој има право да побара бесплатно отстранување на недостатоците или сразмерно намалување на продажната цена или замена на производот со соодветен производ од иста или друга марка, со сразмерно намалување или зголемување на цената или раскинување на договорот и враќање на паричните средства.

Купувачот нема право да го раскине договорот доколку недостатокот на производот е минимален.
Доколку купувачот сака да го врати купениот производ, но не по вина на продавачот или вина на доставувачот и побара да му се вратат платените парични средства, од вратената сума ќе бидат одбиени трошоците за транспорт на производот.

Купувачот може да побара да му се врати платениот паричен износ доколку му е испорачан несоодветен производ/и а продавачот нема ист таков производ за да го замени. Во овој случај средствата ќе бидат вратени на купувачот на истата банкарска сметка која купувачот ја  користел при купување на производот.

Купувачот има право да врати купен производ во рок од 15 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот ова право може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен и под услов да производот не бил употребуван, е со зачувани физички и употребни својства, пломби, фабрички етикети како и приложена фискална сметка или фактура-испратница кои на купувачот му биле издадени заедно со производот. Доколку во моментот на поднесувањето на барањето од купувачот продавачот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право да бара враќање на платениот паричен износ.

Услови за користење на ваучери

  • Ваучерот го добивате во електронска форма, на вашата Email адреса.
  • Ваучерот може да се искористи во рок од 3 месеци од неговото купување.
  • Доколку не се искористи во предвидениот рок средствата не може да бидат рефундирани.
  • Ваучерот не може да се користи за нарачка на средства за чистење, туку исклучиво за користење на некои од нашите услуги чија цена е до износот назначен на ваучерот.
  • Ваучерот не може да се користи повеќекратно и во повеќе термини. Износот на целиот ваучер се користи во еден термин за чистење.
  • Износот на ваучерот не може да се замени со парични средства.
  • Сумата на ваучерот мора да се искористи во целост. Останати средства не може да се вратат.
  • Ваучерот може да се купи единствено на страната www.protouch.mk

Услови за користење на гифт картичка

  • Gift картичката ја добива оној кому сакате да му ја подарите, со ваша персонализирана порака, во електронска форма на еmail адреса.
  • Gift картичката може да се искористи во рок од 3 месеци од нејзиното купување.
  • Доколку не се искористи во предвидениот рок средствата не може да бидат рефундирани.
  • Gift картичката не може да се користи за нарачка на средства за чистење, туку исклучиво за користење на некои од нашите услуги чија цена е до износот назначен на гифт картичката.
  • Gift картичката не може да се користи повеќекратно и во повеќе термини. Износот на неа се користи во еден термин за чистење.
  • Износот на gift картичката не може да се замени со парични средства.
  • Сумата на Gift картичката мора да се искористи во целост. Останати средства не може да се вратат.
  • Гифт картичка може да се купи единствено на страната www.protouch.mk