За нашата компанија

Протач ДООЕЛ – Скопје е специјализирана компанија за професионално хемиско чистење и длабинско перење на тапациран мебел и теписони во Скопје и околината.

Со користење на современа опрема и професионални машини и средства вршиме темелно хемиско чистење и машинско длабинско перење на тапациран мебел, душеци, гарнитури, лежаи, троседи, столчиња, фотелји, кревети, возила (автомобили, комбиња, автобуси, коли) и слично.

Нашите услуги за хемиско чистење и перење се насочени кон обезбедување врвна хигиена, свежина и долготрајна чистота во вашиот дом и деловен простор.

Доверете го вашиот тапациран мебел на тим со искуство во професионално чистење на тапациран мебел и хемиско чистење на теписони во Скопје.

Взаемен успех

Подигнувањето на свеста за неопходноста од редовно и професионално одржување на хигиената на високо ниво во просториите во кои делуваме и живееме и зголемената побарувачка и потреба од ваквиот вид на услуги не поттикна нас, како Протач ДООЕЛ – Скопје сериозно да се ангажираме и да го вложиме нашиот труд и придонес за ваше почисто опкружување.
Со самото извршување на бараната услуга, пред Вас се сервирани сите разлики и придобивки, што само по себе влијае за создавање на здрави хигиенски навики, ставајќи посебен акцент на важноста секој поединец засебно да се грижи за одржување на беспрекорна хигиена и чистота онаму каде што го минува секојдневието.
Континуираното потврдување на позитивниот прием од ваша страна нам ни претставува особена сатисфакција и исполнување на нашите замисли и цели.
Од клучна важност за позитивен и успешен исход на мисијата за која се залагаме, е постојаната подготвеност да одговориме на барањата, очекувањата и желбите, како на постоечките така и на новите клиенти, а нивното надминување претставува наш дополнителен предизвик.
Примената на соодветни и современи техники и технологии од областа на хигиенските услуги кои ги нудиме, врвниот квалитет, екстремната одговорност, фокусираност, труд, посветеност, како и грижата за корисниците се нашите алатки на патот кон взаемниот успех а запазувањето и почитувањето на секој од овие сегменти ја формира нашата крајна цел: ЧИСТОТА И ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ.

МИСИЈА

Преку одржување на вистинските вредности и принципи на работа континуирано да ви нудиме квалитетни, ефективни и достапни услуги од областа на одржување на хигиена.

ВИЗИЈА

Постанување ваш лидер на доверба.

ИНСПИРАЦИЈА И МОТИВ

Извонредната чистота, создавањето на здрави хигиенски навики и задоволството на корисниците на нашите услуги за нас претставуваат инспирација и мотив да работиме на постојано унапредување на квалитетот.

НАШИ ВРЕДНОСТИ

Квалитет

Квалитетот како наша основна стратешка цел е поткрепен со искуството, како и вистинскиот избор на професионални средства и машини. Квалитетно извршената работа е причина за ваше задоволство а тоа како наша главна мотивација придонесува во секоја ситуација да се стремиме кон врвен квалитет и исклучителни резултати.

Безбедност

Користиме безбедни, софистицирани наменски средства од домашни и странски производители, како и машини од најпознатите светски брендови: Karcher – Germany, Rotowash – Austria, Elsea – Italy, Wetrok – Switzerland итн, кои се секогаш гарант за современо, безбедно и квалитетно извршена работа.

Загарантирано задоволство

Секогаш достапни за евентуални корекции. Доколку не сте комплетно задоволни од нашата услуга повикајте не во рок од 24 часа и бесплатно ќе го корегираме евентуалниот пропуст.

Постојан развој

Непрекинато работиме на унапредување на квалитетот на услугите и усвршување, како на нашите постоечки така и на нови, модерни и напредни техники. Следејќи ги светските трендови се надградуваме и сме во постојан тек и чекор со актуелните новости и иновации ширум светот.

ЗОШТО ПРОТАЧ?

Затоа што нудиме врвни услуги и имаме одлична репутација меѓу нашите клиенти, кон кои коректно ги спроведуваме нашите задачи и обврски. Затоа што имаме цел да изградиме комплетна безрезервна доверба, која ќе трае. Затоа што нашите цени се прилагодени и достапни за секого.