Чести прашања

Задоволство ни е да ви одговориме на некои од вашите најчести прашања.

Машинско длабинско перење на тапациран мебел

Кој метод на чистење го применувате?

Го применуваме најприфатениот, најбараниот и најефикасниот метод за чистење на мебел штоф ткаенини ширум светот, методот на водено (влажно) перење со екстракција.

Колку време се чисти една гарнитура за седење?

Во зависност од големината и извалканоста времето на чистење е 60-120 мин.

Колку време е потребно нашата гарнитура за седење и трпезариски столици да бидат целосно суви?

Во зависност од повеќе фактори времето на досушување е 6-10 часа.

Како го гарантирате нашето задоволство од вашата услуга?

Секогаш вложуваме максимална посветеност, внимание и труд, со цел да ги исполниме и надминеме вашите очекувања и желби. Сепак, доколку не сте комплетно задоволни од нашата услуга повикајте не во рок од 24 часа и бесплатно ќе го корегираме евентуалниот наш пропуст.

Машинско длабинско перење на душеци

Колку време трае чистењето на душекот и дали се чисти од двете страни?

Душекот се чисти обострано а времето на чистење е во зависност од состојбата, т.е извалканоста и во просек е 1 час.

Дали душекот треба да го донесеме кај вас или за негово чистење доаѓате во нашиот дом?

Душекот се чисти на лице место, во вашиот дом иако секогаш се приспособуваме и на вашите желби и можности.

Дали гарантирате дека сите флеки од душекот ќе бидат отстранети?

Постојат флеки кои трајно го оштетиле материјалот, постанале составен дел од него и е невозможно да бидат отстранети. Тоа само по себе не подразбира дека флеките на вашиот душек нема да бидат отстранети, туку единствено дека ние не сме во можност да ви го гарантираме тоа и е во зависност од видот на душекот, видот и староста на флеките, дали претходно се веќе третирани и сл.

Перење на теписи и теписони

Кој метод на чистење го применувате?

Во зависност од потребата, видот на теписонот, квадратурата а и вашите желби, ви нудиме два методи на перење и чистење:
– метод на перење со Rotowash машина со контра – ротациски цилиндрични четки за рибање, која воедно во огромен процент го суши тепихот кој ќе биде подготвен за употреба по 30 минути
– метод на чистење со екстракциона машина (освежување), при кој се нанесува наменски детергент и машински веднаш се извлекува заедно со нечистотијата.
Со напомена дека и во двата случаеви се употребува минимално количество на вода.

Дали се работи за класично перење на теписи и теписони?

Не, ова е исклучително брз начин на чистење (перење) кој ќе го остави вашиот тепих или теписон чист, свеж и подготвен за употреба за многу кратко време.

Чистење и нега на кожа

Кој начин на чистење го применувате?

Ви нудиме третман на чистење на природна кожа со професионален детергент со базирана пена од реномиран италијански производител, кој не е универзален туку е наменет исклучиво за чистење на кожа, а базиран на растителен состав од природни состојки кој лесно се раствора и целосно ја елиминира дури и најтврдокорната нечистотија. Формулата дејствува длабински и остава долготрајна чистота. Детергентот е неутрален и придонесува совршена чистота на кожата која се третира без никаква опасност од сушење или губење на еластичноста.

Дали производителите препорачуваат професионално чистење на кожата?

Да, производителите препорачуваат чистење на кожата на секои 6-12 месеци.

Дали кожата се чисти машински?

Не, кожата се чисти рачно.

Дали чистите кожни седишта во возила?

Да. Кожните седишта во возилата се дополнително изложени на негативни фактори и неопходно е нивно редовно чистење и одржување за да го задржат својот природен изглед и да траат долго.

Што може да очекуваме и што добиваме од чистењето на нашата кожна гарнитура или седишта?

Чистота и природен изглед, нежност на допир, подолг век на траење како и заштита од стареење и УВ зраци.

Хемиско чистење на возила

Зошто препорачувате хемиско чистење на нашето возило?

Нечистотијата во автомобилот може да биде вистинско жариште на бактерии  и непријатни мириси. Со хемиското чистење ќе добиете чистота, свежина и визуелно совршенство.

Што опфаќа хемиското чистење на сите тапацирани делови во возилото?

Во зависност од вашите потреби вие можете да одберете некој од нашите пакети за хемиско чистење на возила.
Комплетниот пакет опфаќа хемиско чистење на седишта, тапацири на врати, теписон и багажен тапацир.

Дали треба да се донесе возилото кај вас или чистењето се извршува на нашата домашна адреса?

Чистењето се извршува на ваша домашна адреса со претходно закажување на термин.

Колку време трае процесот на чистење на седиштата а колку на сите тапацирани делови?

Хемиско чистење на седишта во просек трае 60-90 мин, додека хемиско чистење на сите тапацирани делови во возилото трае околу 2 часа.

Чистење на дрвени подови

Кој метод на чистење го користите за чистење на дрвени подови?

Користиме машина со ротациски цилиндрични четки кои допираат онаму каде што регуларното “џогирање”  не може, длабоко во порите и фугите. При процесот на чистење употребуваме наменско неутрално средство кое го храни дрвото со кедрово масло и е збогатено со полимери.

Дали по чистењето нанесувате заштита на површината?

Дополнително и во зависност од потребите, по чистењето се нанесува заштитна емулзија со висок сјај, со лабораториски тестиран  против лизгачки ефект и отпорна и на висока фреквенција на движење.

Чистење на тврди подови

Каков вид на тврди подови чистите?

Керамички плочки, гранит, мермер, терацо, гумирани подови, пвц и др.