За нашата компанија

Взаемен успех

Подигнувањето на свеста за неопходноста од редовно и професионално одржување на хигиената на високо ниво во просториите во кои делуваме и живееме и зголемената побарувачка и потреба од ваквиот вид на услуги не поттикна нас, како Протач ДООЕЛ – Скопје сериозно да се ангажираме и да го вложиме нашиот труд и придонес за ваше почисто опкружување.
Со самото извршување на бараната услуга, пред Вас се сервирани сите разлики и придобивки, што само по себе влијае за создавање на здрави хигиенски навики, ставајќи посебен акцент на важноста секој поединец засебно да се грижи за одржување на беспрекорна хигиена и чистота онаму каде што го минува секојдневието.
Континуираното потврдување на позитивниот прием од ваша страна нам ни претставува особена сатисфакција и исполнување на нашите замисли и цели.
Од клучна важност за позитивен и успешен исход на мисијата за која се залагаме, е постојаната подготвеност да одговориме на барањата, очекувањата и желбите, како на постоечките така и на новите клиенти, а нивното надминување претставува наш дополнителен предизвик.
Примената на соодветни и современи техники и технологии од областа на хигиенските услуги кои ги нудиме, врвниот квалитет, екстремната одговорност, фокусираност, труд, посветеност, како и грижата за корисниците се нашите алатки на патот кон взаемниот успех а запазувањето и почитувањето на секој од овие сегменти ја формира нашата крајна цел: ЧИСТОТА И ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ.

МИСИЈА

Преку одржување на вистинските вредности и принципи на работа континуирано да ви нудиме квалитетни, ефективни и достапни услуги од областа на одржување на хигиена.

ВИЗИЈА

Постанување ваш лидер на доверба.

ИНСПИРАЦИЈА И МОТИВ

Извонредната чистота, создавањето на здрави хигиенски навики и задоволството на корисниците на нашите услуги за нас претставуваат инспирација и мотив да работиме на постојано унапредување на квалитетот.

НАШИ ВРЕДНОСТИ

Квалитет

Квалитетот како наша основна стратешка цел е поткрепен со искуството, вистинскиот избор на наменски средства и нивната правилна употреба кои заедно со употрабата на професионални машини го формираат нашиот гарант за квалитет, кој клиентите секогаш знаат да го препознаат. Токму затоа не одбираат нас. Квалитетно извршената работа е причина за ваше задоволство а тоа како наша главна мотивација придонесува во секоја ситуација да се стремиме кон врвен квалитет и исклучителни резултати.

Безбедност

Користиме безбедни, софистицирани наменски средства од домашни и странски производители, како и машини од најпознатите светски брендови: Karcher – Germany, Rotowash – Austria, Elsea – Italy, Wetrok – Switzerland итн, кои се секогаш гарант за современо, безбедно и квалитетно извршена работа.

Загарантирано задоволство

Секогаш достапни за евентуални корекции. Доколку не сте комплетно задоволни од нашата услуга повикајте не во рок од 24 часа и бесплатно ќе го корегираме евентуалниот пропуст.

Постојан развој

Непрекинато работиме на унапредување на квалитетот на услугите и усвршување, како на нашите постоечки така и на нови, модерни и напредни техники. Следејќи ги светските трендови се надградуваме и сме во постојан тек и чекор со актуелните новости и иновации ширум светот.

ЗОШТО ПРОТАЧ?

Затоа што нудиме врвни услуги и имаме одлична репутација меѓу нашите клиенти, кон кои коректно ги спроведуваме нашите задачи и обврски. Затоа што имаме цел да изградиме комплетна безрезервна доверба, која ќе трае. Затоа што нашите цени се прилагодени и достапни за секого.