Политика на приватност

Секој корисник при регистрација и купување на protouch.mk изјавува дека е запознаен и согласен со политиката на приватност на оваа интернет страна.

Оваа Политика на приватност се однесува исклучиво на protouch.mk и поддомените.

Кои информации и за кои цели ги прибираме

Вашите лични податоци кои ќе ги оставите при регистрација на одредена форма за регистрација на оваа страна, доколку ја изберете оваа опција, како и оставените лични податоци при купување на производ или услуга од оваа страна Протач Дооел нема да ги објавува, отстапува или споделува на трети страни, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Р.Македонија.

Вашите лични податоци како што се: име и презиме, адреса, телефон за контакт, е-маил адреса и сл. кои Вие ќе ги оставите Протач Дооел нема да ги објавува, отстапува или споделува на трети страни и ќе ги искористи исклучиво за рекламирање (при ваша пополнета форма за регистрација на оваа страна) или со ваша согласност, реализирање на вашата нарачка или купување на производ или услуга, освен во случаеви каде што Протач Дооел ќе треба да постапи во согласност со судски наредби или други правни или регулативни потреби.

Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци и Протач Дооел не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци од страна на корисникот се неточни.

Протач Дооел го задржува правото да ги користи IP адресите и останатите податоци на корисникот во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Лица под 18 години не смеат да оставаат лични податоци, освен под надзор на родител или старател а Протач Дооел се обврзува дека нема намерно да собира или користи податоци на лица под 18 години.

Протач Дооел нема никаков увид ниту пристап до никакви ваши податоци од финансиска природа, како што се банкарски сметки, платежни картички, бројот, датум на издавање, безбедносен код и сл, со што Протач Дооел не прибира информации од ваква природа.