Машинско длабинско перење на душеци
Имајќи го предвид фактот дека човекот во просек поминува околу една третина од животот во спиење, одржувањето на чист и хигиенски душек е од голема важност за здравјето и квалитетот на сонот.
Со текот на времето во душекот се наталожуваат прашина, мртви клетки од кожата, грини, бактерии и нивниот измет. Токму затоа се препорачува редовно чистење на душекот, односно машинско длабинско перење (dlabinsko perenje na duseci) или хемиско чистење на душек.
Според истражувањата, дури 60% од грините во домот се наоѓаат во душекот. Еден душек може да содржи од 10.000 до 10 милиони грини, кои се хранат со мртвите клетки од кожата на човекот. Нивниот измет и другите алергени можат да предизвикаат алергии, респираторни проблеми и иритации на кожата, особено кај лица кои се алергични или чувствителни.
Поради тоа, редовното длабинско перење на душек значително придонесува за подобра хигиена во домот и поздраво живеење.
Професионално чистење, перење и хемиско чистење на душеци во Скопје
Ние нудиме професионално машинско длабинско перење и хемиско чистење на душеци во Скопје (hemisko cistenje na duseci) со современи екстракциски машини и безбедни средства за чистење.
Овој метод на чистење на душек овозможува длабинско отстранување на нечистотијата, прашината и алергените од материјалот.
Со нашата услуга за перење на душек добивате:
- темелно длабинско перење на душекот
- намалување на грини, бактерии и алергени
- отстранување на непријатни мириси
- подобар квалитет на воздухот во просторијата
- почист и поздрав сон
Со сознанието дека спиете на чист душек, вие и вашето семејство ќе уживате во поудобен и мирен сон.
Колку време трае чистењето на душек?
Времето за чистење на душек зависи од неговата состојба и степенот на извалканост. Во просек, машинското перење на душек трае околу 1 час.
Душекот се чисти од двете страни, со цел да се постигне максимална чистота и подобар резултат.
Дали сите флеки од душекот може да се отстранат?
Во повеќето случаи, со длабинско перење и хемиско чистење на душек може значително да се намалат или целосно да се отстранат флеките.
Сепак, постојат ситуации кога одредени дамки трајно го оштетиле материјалот и станале составен дел од него. Во такви случаи не е можно целосно отстранување.
Резултатот зависи од:
- видот на душекот
- видот на флеката
- староста на флеката
дали претходно била третирана со други средства