Хемиско чистење на теписи и теписони

Хемиско чистење и перење на вградени теписони во деловни објекти (канцеларии, хотели, ресторани и сл.)

Нудиме професионално хемиско чистење и машинско перење на теписони во хотели, ресторани, канцеларии и други деловни објекти во Скопје и државата, со користење на современи Rotowash машини. Овој метод овозможува длабинско темелно перење и чистење на теписоните и отстранување на нечистотијата која се задржува длабоко во влакната, со употреба на професионални детергенти за длабинско чистење, освежување и дезинфекција.

Вградените теписони во деловни простори се изложени на постојан сообраќај и брзо акумулираат прашина, нечистотија и бактерии. Со редовно професионално чистење (hemisko cistenje i perenje tepisoni) се подобрува хигиената во просторот, се продолжува векот на теписонот и се подобрува изгледот на целата просторија.

Нашата услуга за чистење на вградени теписони е наменета за различни типови деловни простори во Скопје и државата, како што се:

  • канцеларии
  • хотели
  • ресторани
  • казина
  • конференциски сали
  • холови
  • коридори
  • административни објекти
  • јавни институции
  • други деловни и комерцијални простори

 

Напредна ROTOWASH технологија

Чистењето го изведуваме со Rotowash машина со две контра-ротирачки цилиндрични четки кои ротираат со околу 650 вртежи во минута. Овој систем создава двојно механичко дејство кое ги:

  • чешла и подига влакната на теписонот
  • ги отвора сплесканите влакна
  • ја ослободува нечистотијата заробена длабоко во структурата на теписонот

Контра-ротацијата на четките делува како истовремено чешлање на теписонот во две насоки, што овозможува подобро ослободување на нечистотијата отколку кај класичните машини за чистење.

Темелно чистење и собирање на нечистотијата

При работата на машината се врши:

  1. нанесување на вода и професионален PH неутрален раствор за чистење
  2. механичко четкање на влакната
  3. ослободување на нечистотијата од длабочината на теписонот
  4. собирање на нечистата вода во резервоар

Овој процес овозможува чистење, перење и собирање на нечистотијата во еден помин, што значително ја зголемува ефикасноста и ја намалува потребата од повторно чистење.

Брзо сушење и минимално прекинување на работата

Rotowash системот користи значително помалку вода и хемиски средства во споредба со многу традиционални методи. Благодарение на тоа:

  • теписоните се сушат побрзо
  • просториите можат брзо повторно да се користат
  • се намалува количината на хемиски остатоци во влакната

Ова е особено важно за канцеларии, хотели, ресторани и казина каде што чистењето треба да се изведе без значително нарушување на работниот процес.

 

Поголема ефикасност и подобри резултати

Уникатниот систем на Rotowash четки овозможува ослободување на нечистотијата која често останува во теписонот при други методи на чистење. Оваа длабинска нечистотија често е причина за непријатни мириси и побрзо повторно валкање на теписоните.

Со редовно одржување со Rotowash:

  • се отстранува длабинската нечистотија
  • се обновува структурата на теписонот
  • се подобрува изгледот на подната облога
  • теписоните остануваат чисти подолго време

Побарајте понуда за чистење и перење на теписи, теписони, килими и секаков вид на подни облоги

Нашиот тим обезбедува брзо, ефикасно и професионално хемиско чистење на теписони, со современа опрема и докажани методи на работа.

📞 Јавете се на 077 400 308 или испратете барање за понуда на меил, Viber или WhatsApp и закажете термин за чистење.

 

Хемиско чистење на теписи за домаќинства

Нудиме хемиско чистење и освежување на теписи во домаќинства на ваша адреса, во Скопје, со користење на современа екстракциона опрема. Овој метод овозможува отстранување на прашина, нечистотија, бактерии и непријатни мириси, без оштетување на влакната на теписонот.

 

Како работи екстракциониот метод?

Нашата услуга користи метод на чистење со екстракциона машина, при кој:

  1. Се нанесува професионален PH-неутралнен детергент на теписонот
  2. Машински се извлекува растворот заедно со нечистотијата
  3. Теписонот се суши побрзо благодарение на минималната количина
  4. Структурата на влакната се обновува

Овој метод е идеален за домаќинства каде што се сака:

  • редовно одржување на теписоните
  • освежување на боите и текстурата на теписонот
  • подобрување на хигиената и намалување на алергени

Предности на екстракционото чистење

  • Брзо сушење и минимално нарушување на домашниот комфор
  • Безбедно за деликатни теписи и за сите типови влакна и бои
  • Ефикасно за отстранување на непријатни мириси

Освен стандардната услуга на перење на килими, теписи, теписони и разни тексилни облоги нашата услуга опфаќа уште неколку други дополнителни третмани:

  • импрегнација и заштита
  • неутрализирање на непријатни мириси
  • третман на флеки
  • третман на урина од домашни милиници
  • дезинфекција со водена пареа од 100C

 

Побарајте хемиско чистење и освежување на вашиот килим

Нашиот тим обезбедува брзо, ефикасно и професионално хемиско чистење на килими, теписи и теписони во домаќинства, со современа опрема и докажани методи на работа.

📞 Контакт: 077 400 308
Или испратете барање за понуда на меил, Viber или WhatsApp и закажете термин за чистење.

Моб: +389 77 400 308
Пон – Саб: 09:00 – 20:00
Закажи термин