Услуги

Перење на теписи и теписони

Понекогаш нечистотијата на теписите и теписоните е јасно видлива и се манифестира со променет првобитен изглед и боја, загубен сјај и свежина, а понекогаш изгледаат чисти, без јасно видлива нечистотија, но и во двата случаеви теписите и теписоните кои не се чистени и перени се засолниште на нечистотија, влакна од домашни миленици, грини, полен, разни алергени и микроорганизми.
Оттука, покрај корисното домашно усисување, јасно се гледа неопходноста и потребата  од професионално чистење и перење.

За почист и поздрав дом или работна средина, ви препорачуваме една од нашите две услуги на машинско перење и освежување на теписи и теписони на лице место, без нивно поместување. Нудиме безбедно решение на отстранување на нечистотијата и ефикасна борба против грини, полен, разни алергени и микроорганизми кои се наоѓаат во теписите.
Сето тоа, машински одработено со користење на безбедни, наменски средства и минимално количество на вода. Добивате брза и ефикасна услуга која ќе го остави вашиот тепих или теписон чист, свеж, нежен и подготвен за користење за исклучително кратко време.

Во зависност од потребата, видот на теписонот, квадратурата а и вашите желби, ви нудиме два методи на перење и чистење:

  • метод на перење со машина со контра – ротациски цилиндрични четки за рибање, која воедно во огромен процент го суши тепихот кој ќе биде подготвен за употреба по 30 минути
  • метод на чистење со екстракциона машина, при кој се нанесува детергент и машински веднаш се извлекува заедно со нечистотијата

 

ПРИДОБИВКИ:

  • Подобро здравје
  • Почист воздух во просторијата
  • Визуелно совршено
  • Подолг век на траење на теписонот

Освен стандардната услуга на перење теписи, теписони, синтелони, разни тексилни облоги нашата услуга опфаќа уште неколку други дополнителни третмани:

  • Импрегнација и заштита
  • Неутрализирање на непријатни мириси
  • Третман на флеки
  • Третман на урина од домашни милиници
Моб: +389 77 400 308

Пон – Саб: 09:00 – 20:00

Закажи термин